УНИЦЕФ: Само во последниот еден месец во војната во Украина животите ги загубија речиси 100 деца

Претставникот на Фондот за помош на децата при Обединетите нации (УНИЦЕФ) Омар Абди, на приредениот брифинг пред Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) изјави дека војната во Украина создаде криза со правата на децата

1826301
УНИЦЕФ: Само во последниот еден месец во војната во Украина животите ги загубија речиси 100 деца

Поради војната што ја започна Русија на 24 февруари против Украина, само во последниот еден месец животите ги загубија речиси 100 деца.

Претставникот на Фондот за помош на децата при Обединетите нации (УНИЦЕФ) Омар Абди, на приредениот брифинг пред Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) изјави дека војната во Украина создаде криза со правата на децата.

Привлекувајќи внимание на нападите врз училиштата и одземањето на правото на образование на децата, Абди истакна дека во последниот месец во Украина загинаа приближно 100 деца.

Во меѓувреме, заменик-постојаниот претставник на Соединетите Американски Држави (САД) во Обединетите нации (ОН) Ричард Милс истакна дека Русија од денот кога ја започна војната секојдневно таргетира по просечно 22 училишта во Украина.

Постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации (ОН) Василиј Небензија пак, ги отфрли обвинувањата против руската армија и застана во одбрана на тоа дека историјата не им се учи правилно на децата во Украина.

Од друга страна, амбасадорот на Украина во Обединетите нации (ОН) Сергиј Кислица ја обвини Русија за киднапирање и незаконско посвојување на украинските деца.

 



Слични вести