Украина: Руската армија изгуби 26.900 војници, 200 авиони, 162 хеликоптери и 1.205 тенкови

Во објавеното соопштение од страна на украинскиот Генералштаб во врска со загубите на руската армија во периодот од 24 февруари до 13 мај се истакнува дека руската армија во последните 24 часа изгуби уште 250 војници

1826589
Украина: Руската армија изгуби 26.900 војници, 200 авиони, 162 хеликоптери и 1.205 тенкови

Украинскиот Генералштаб соопшти дека од почетокот на војната која започна на 24 февруари руската армија во последните 24 часа загуби уште 250 војници со што бројот на руските војници кои загинаа се зголеми на вкупно 26.900 војници.

Во објавеното соопштение од страна на украинскиот Генералштаб беа соопштени загубите на руската армија во периодот од 24 февруари до 13 мај.

Според тоа, руската армија во последните 24 часа изгуби уште 250 војници и овие загуби се доживеани повеќе во судирите во правец на градот Курахове во областа Доњецк.

Во соопштението се вели дека руската армија изгуби вкупно 26.900 војници, а се уништени и 200 авиони, 162 хеликоптери, 1.205 тенкови, 2.900 оклопни возила, 542 топови, 193 системи за лансирање ракети и 88 системи за противвоздушна одбрана.

Во соопштението воедно се додава дека руските сили изгубија и 2.042 возила, 13 бродови и лесни десантни чамци, 405 беспилотни летала (дронови), а од страна на украинските единици за воздушна одбрана се соборени и уништени и 95 руски крстосувачки ракети. 

Во објавеното соопштение од страна на руското Министерство за одбрана на 25 март, беше соопштено дека во Украина загинале 1.351 руски војник и оттогаш не е објавено било какво друго соопштение во врска со руските загуби во војната.

 



Слични вести