Симпатизери на терористичката ПКК извршија напад врз Генералниот конзулат на Турција во Париз

Засега неидентификувани лица ноќта на 12 мај околу 02:30 часот по локално време извршија напад со рачно изработена бомба експлозив од видот на петарди врз Генералниот конзулат на Турција во Париз

1826401
Симпатизери на терористичката ПКК извршија напад врз Генералниот конзулат на Турција во Париз

Симпатизери на сепаратистичко-терористичката организација ПКК извршија напад врз Генералниот конзулат на Турција во Париз, главниот град на Франција.

Засега неидентификувани лица ноќта на 12 мај околу 02:30 часот по локално време извршија напад со рачно изработена бомба/експлозивна направа од видот на петарди врз Генералниот конзулат на Турција во Париз.

Во нападот беше причинета штета на прозорецот и надворешниот ѕид на зградата на Генералниот конзулат.

Француските власти започнаа истрага во врска со нападот.

Извори соопштија дека одговорноста за нападот ја презеле формации поврзани со сепаратистичко-терористичката организација ПКК.



Слични вести