Дмитро Кулеба побара да биде резервирано местото на Украина во ЕУ

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба рече: „Ние всушност не зборуваме за брзо членство на Украина во ЕУ, но за нас е многу важно ова место да биде резервирано за Украина“

1826206
Дмитро Кулеба побара да биде резервирано местото на Украина во ЕУ
Kuleba G7 zirvesinde.jpg

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, за време на неговата посета на Берлин изјави за германскиот телевизиски канал „АРД“ дека ќе продолжи да работи за кандидатурата на неговата земја во Европската унија (ЕУ) и побара да биде резервирано местото на Украина во Унијата.

Укажувајќи дека често слуша зборови околу тоа дека „Украина и припаѓа на Европа и е дел од европското семејство“, Кулеба рече: „Ние всушност не зборуваме за брзо членство на Украина во ЕУ, но за нас е многу важно ова место да биде резервирано за Украина.“

Кулеба изрази задоволство од тоа што Германија го смени ставот за испорака на оружје за Украина, додека покажа реакција на тоа што не беше дозволено да биде прикажано украинското знаме за време на комеморациите што се одржаа на 8 и 9 мај во Берлин на одбележувањето на 77-годишнината од завршувањето на Втората светска војна.

Дмитро Кулеба, кој беше поканет на состанокот на министрите за надворешни работи на Г-7 во покраината Шлезвиг-Холштајн, а чиј домаќин е германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок, изјави дека на соостанокот треба да бидат разгледани санкциите против Русија која на 24 февруари и објави војна на неговата земја и борбата против глобалниот недостаток од храна.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, исто така ја критикуваше и трговијата со жито и прехранбени производи од страна на Русија кои ги запленила на југот на неговата земја.

 



Слични вести