Досие анализа 34-2022

Украинската војна

1816222
Досие анализа 34-2022

Како што помина 58-от ден од руската инвазија на Украина, стана императив да се направи сеопфатна анализа. Од денеска може да се каже дека до израз дојдоа следните сегменти.

Првиот е воениот неуспех на Русија. По се изгледа дека првичниот оперативен план на Русија не можеше целосно да се имплементира, ниту пак другите планови не можеа да се применат во случај да пропадне планот. Особено на првиот ден од воениот напад, фактот што контролата над аеродромот Гостомел не можеше целосно да се преземе, и покрај успехот да се погодат воени цели во Украина, го спречи правилното функционирање на линиите за снабдување и логистика на Русија во Украина. Оваа ситуација предизвика руските сили да претрпат големи загуби уште од првиот ден од војната. И покрај фокусирањето на четирите главни стратешки региони од почетокот на воената офанзива, Русија не беше успешна во регионите како Киев и Харков, кои најверојатно ќе го променат исходот на војната. Имаше многу долга борба во Мариупол, но откако градот беше целосно уништен, Русите успеаја делумно да ја преземат контролата. Во Херсон и Мелитопол, војната се разви во спротивна насока од она што се очекуваше за Русија. Руските сили беа принудени да се повлечат од регионите Киев, Чернихив, Суми, Ирпин и Харков.

Ако се земе во предвид преостанатото време, се гледа дека воената ефикасност на руската армија на терен е слаба и има потешкотии во примената на стандардните оперативни процедури. Од друга страна, се подразбира дека Русија, која не беше успешна во придржувањето кон принципите на заедничките операции, не можеше да постигне воздушна контрола и супериорност, а исто така не беше ефикасна и во пропагандната војна. Загубата на крстосувачот Москва, најважниот сегмент и срцето на руската црноморска флота, на 51-от ден од војната, нанесе тежок удар на рускиот воен престиж во текот на целата војна.

Воените проблеми и неуспеси на теренот ја принудија Русија да ги ревидира своите планови за Украина. Новиот план е целосно да се контролира регионот на Донбас и да се одделат републиките во Украина.

Друго важно прашање во врска со Русија е дека е ослабена нејзината економска отпорност. Тешките и сеопфатни економски ембарга предизвикаа длабоки ефекти и голем притисок врз Русија. Оваа ситуација ќе предизвика продлабочување на економската криза во блиска иднина, а на долг рок ќе предизвика Русија да биде слаба економија во глобалната распределба на моќта.

Во време кога војната влегува во нова фаза, Русија можеби ќе добие само воени придобивки, но ќе се соочи со поголеми предизвици во однос на нејзините стратешки последици.

Автор на програмата е проф. др. Мурат Јешилташ, директор на Фондацијата за општествени, политички и економски истражувања СЕТА.



Слични вести