ЕУ се подготвува да одговори на воведените забрани од страна на Русија

Европската унија (ЕУ) соопшти дека од страна на Русија се воведени ограничувања за патување (влез во земјата) на „непознат број“ надлежни (службеници) од институциите на ЕУ и од земјите-членки на Унијата

1770056
ЕУ се подготвува да одговори на воведените забрани од страна на Русија

Европската унија (ЕУ) најави дека ќе и одговори на Русија, која воведе забрана за влез во земјата на некои функционери од ЕУ и од земјите-членки на ЕУ.

Во објавеното соопштение од канцеларијата на високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел, беше соопштено дека од страна на Русија се воведени ограничувања за патување (влез во земјата) на „непознат број“ надлежни (службеници) од институциите на ЕУ и од земјите-членки на Унијата.

Во соопштението се истакнува дека Европската унија (ЕУ) жали поради оваа одлука на руските власти и се вели дека ваквата одлука нема правна основа.

„Оваа одлука ќе има соодветен одговор, Русија со оваа одлука наместо да придонесе за намалување на тензиите ја разгорува климата на затегнатост во Европа.“ - стои во соопштението од канцеларијата на високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел.



Слични вести