Се продлабочува украинската криза

Безбедносните гаранции на Москва бараат повлекување на НАТО од блискиот регион на Русија, вклучувајќи ги и земјите-членки

1769547
Се продлабочува украинската криза

 

Украинската криза се повеќе се продлабочува. Преговарачкиот процес меѓу САД и Русија не го дадоа посакуваниот резултат. Сè уште не е познато како точно одговориле САД на барањето на Русија за безбедносни гаранции. Администрацијата на Вашингтон упати барање до Москва, содржината на писмото да не се споделува со меѓународната јавност. Ова само по себе покажува дека постои скриено пазарување. Од друга страна, со полна брзина продолжува военото натрупување на Русија околу Украина. Доколку преговорите пропаднат, се смета дека е извесно дека Русија ќе преземе воен чекор. Сепак, остануваат неизвесностите во однос на опсегот на овој чекор.

Украинската криза има многу различни динамики. Можеби најважната од овие динамики е дека кризата не е ограничена само со Украина. И Русија и Западот, кризата ја гледаат како нова геополитичка пресметка. Како одговор на НАТО, кој слабоста на Руската Федерација по Студената војна ја гледаше како можност и се прошири кон Русија на оската на политиката на „отворени врати“, сега Русија прави нов потег гледајќи ја слабоста на Западот. Овој потег е главно насочен кон отстранување на НАТО од регионот што Русија го нарекува „блиска средина“. Ова е исклучително важно за безбедноста на Русија. За Западот тоа е чекор кон европската безбедносна архитектура. Безбедносните гаранции на Москва бараат повлекување на НАТО од блискиот регион на Русија, вклучувајќи ги и земјите-членки. Прифаќањето на ова барање значи повторна обнова на европската безбедносна архитектура.

Од друга страна, на Запад нема целосен консензус. Политиката на Германија заслужува посебно внимание. Администрацијата на Берлин се спротивставува на помошта за оружје за Украина и тврди дека треба да се следи политика на „смирување“ на Русија. Германија, која е особено зависна од Русија од аспект на природниот гас, се чини дека не го поддржува грубиот однос на НАТО и ЕУ кон Русија. Франција, од друга страна, следи поинаква позиција. По се изгледа дека САД ја потцениле руската закана, фокусирајќи се повеќе на Кина.

Турција, која се обидува да го спречи продлабочувањето на кризата за да не прерасне во војна, понуди да посредува меѓу Украина и Русија. На 3 февруари, претседателот Ердоган се очекува да ја посети Украина. Главната цел на оваа посета е да се создаде полесна почва за решавање на кризата меѓу Москва и Киев. Но, главната позиција на Турција сè уште се обликува со Западот. Не доаѓа предвид Турција одвоено од НАТО да преговара со Русија. Сепак, претседателот Ердоган прави се за да ја смири кризата. Бидејќи регионот на Црното Море е од витално значење за безбедноста и стабилноста на Турција. Евентуална руска интервенција ќе ја вознемири Турција и ќе им наштети на турско-руските односи. Затоа, по се изгледа дека: Дали Анкара ќе најде трет пат ќе зависи од тоа како Путин ќе одговори на повикот на претседателот Ердоган.

Автор на програмата е проф. д-р Мурат Јешилташ, директор за надворешни политички студии на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА.



Слични вести