Советниците на лидерите на Франција, Германија, Русија и Украина по две недели ќе се состанат во Берлин

Во соопштението на Елисејската палата се истакнува дека советниците на лидерите на Франција, Германија, Русија и Украина се договориле во врска со кризата во Украина да се состанат повторно, во Берлин, главниот град на Германија, по две недели

1769066
Советниците на лидерите на Франција, Германија, Русија и Украина по две недели ќе се состанат во Берлин

Советниците на лидерите на Франција, Германија, Русија и Украина, по остварената средба во Париз, по две недели ќе се состанат повторно во врска со кризата во Украина, овојпат во Берлин, главниот град на Германија.

Во објавеното соопштение од страна на Елисејската палата се истакнува дека советниците на лидерите на земјите од Нормандискиот формат (Русија, Германија, Франција и Украина) се состанаа во главниот град Париз, со учество на претставници на министерствата за надворешни работи.

Како што се вели, советниците изјавиле дека Договорите од Минск ја сочинуваат основата на Нормандискиот формат и дека прекинот на огнот треба безусловно да се почитува. Освен тоа се наведува дека советниците ја подвлекле важноста од интензивирање на работите за да се постигне брз напредок во спроведувањето на Договорите од Минск.

Во соопштението на Елисејската палата исто така се истакнува дека советниците на лидерите на Франција, Германија, Русија и Украина се договориле во врска со кризата во Украина да се состанат повторно, во Берлин, главниот град на Германија, по две недели.

 



Слични вести