САД и НАТО одговорија на предлозите на Русија за безбедносните гаранции

Русија соопшти дека пристигнал писмениот одговор на Соединетите Американски Држави (САД) во врска со нејзините безбедносни предлози што ги достави минатиот месец

1768901
САД и НАТО одговорија на предлозите на Русија за безбедносните гаранции

Се влегува во последната кривина во потрагите по дипломатско решение за руско-украинската тензија…

Русија соопшти дека пристигнал писмениот одговор на Соединетите Американски Држави (САД) во врска со нејзините безбедносни предлози што ги достави минатиот месец.

Во објавеното писмено соопштение од страна на руското Министерство за надворешни работи, се истакнува дека американскиот амбасадор во Москва Џон Саливан дошол во зградата на Министерството.

Во соопштението се наведува дека амбасадорот Саливан се состанал со рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко и се вели следното: „Американскиот амбасадор го достави писмениот одговор на САД на безбедносните предлози на Русија.“

Американската страна пак, соопшти дека нема да биде објавена содржината на доставеното писмо, дека „се отворени за дијалог и ја претпочитаат дипломатија“ и дека истиот став го очекуваат и од руската страна.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен рече: „Ги доставивме грижите на САД и нивните сојузници до Русија.“

Велејќи „Другото и преостанува на Русија. Ние сме подготвени и за двете ситуации. Во случај на агресија од страна на Русија (врз Украина), нема да дозволиме глобална енергетска криза.“ Блинкен информира дека го отфрлиле предлогот на Москва, Украина да не биде примена во НАТО.

Од друга страна, и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истакна дека го доставиле писмениот одговор на Алијансата на предлогот на Русија за договор за безбедносните гаранции.

Столтенберг на одржаната прес-конференција рече: „НАТО и ги достави своите писмени предлози на Русија. Тоа го направивме паралелно со САД“.

Велејќи дека се подготвени за вистински дијалог со Москва, Столтенберг ја повика Русија да не употребува сила против другите земји.

Што се однесува до членството на Украина во Алијансата, Столтенберг истакна дека НАТО ќе продолжи со политиката на „отворени врати“ и додаде дека доколку Русија ја нападне Украина цената за тоа ќе биде тешка.

Руските предлози за безбедносни гаранции

Русија во нејзините предлози за договор за безбедносните гаранции што  ги достави до САД и НАТО во декември, бараше ветување за откажување од проширувањето на НАТО.

Во текстовите на нацрт договорот се вклучени и барањата Соединетите Американски Држави (САД) да не формираат воени бази во земјите од поранешниот Советски Сојуз и во земјите кои не се членки на НАТО, да не ја користат инфраструктурата на овие земји за извршување на какви било воени активности и да не соработуваат со тие земји.

Предлозите на Русија вклучуваат и точки за нераспоредување нуклеарно оружје надвор од сопствените територии на земјите и за повлекување на таквото оружје распоредено надвор од националните територии.

 



Слични вести