Русија ќе одржи воена вежба во Ростовската област во близина на границата со Украина

Според објавеното соопштение од страна на руското Министерство за одбрана, некои воедни единици од Јужната воена зона на земјата се испратени за воената вежба на полигоните во Ростовската област

1768896
Русија ќе одржи воена вежба во Ростовската област во близина на границата со Украина

Русија ќе одржи воена вежба во Ростовската област во близина на границата со Украина.

Според објавеното соопштение од страна на руското Министерство за одбрана, некои воедни единици од Јужната воена зона на земјата се испратени за воената вежба на полигоните во Ростовската област.

На воената вежба ќе се мери подготвеноста и способноста на воените единици за дејствување на долги растојанија.

Во претходните објавени соопштенија од страна на Министерството за одбрана на Русија исто така беше истакнато дека руски воени бродови ќе одржат вежби во Црното Море и Балтичкото Море.

Воедно и во објавеното соопштение од страна на руското Министерство за одбрана на 20 јануари беше истакнато дека руската морнарица во јануари и февруари ќе одржи серија воени вежби во сите области коишто спаѓаат под нејзина одговорност.

 



Слични вести