Предупредување од ЕУ за санкции против Русија

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел истакна дека военото присуство на Русија на украинската граница е загрижувачко и дека се активирани дипломатските разговори во различни формати

1769026
Предупредување од ЕУ за санкции против Русија

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, во Виена се состана со австрискиот премиер Карл Нехамер со кого потоа одржаа и заедничка прес-конференција.

Овде, Мишел нагласи дека военото присуство на Русија на украинската граница е загрижувачко и дека се активирани дипломатските разговори во различни формати, а воедно ја предупреди Русија дека во случај на евентуален воен конфликт со Украина ќе бидат спроведени остри санкции врз оваа земја.

Тој рече: „Сите сакаме да бидеме подготвени во случај на евентуален воен напад. Во тој случај ќе мораме да спроведеме многу остри санкции (против Русија). Не го посакуваме тоа, но никако нема да потклекнеме кога станува збор за одбрана на нашата стабилност и безбедност.“

Велејќи дека „Заканата против Украина значи закана за цела Европа, па дури и повеќе од тоа“, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел истакна дека тие се солидаризираат со територијалниот интегритет и суверенитетот на оваа земја и појасни дека иако случувањата се многу вознемирувачки се обидуваат да изнајдат решение за проблемот со дипломатски методи.

Австрискиот премиер Карл Нехамер исто така истакна дека зголемувањето на военот капацитет од страна на Русија на границата со Украина предизвикува чувство надвор и од вознемиреност и дека на остварената билатерална средба со Мишел беше разговарано за заедничко делување како Европска унија (ЕУ) и за утврдување на заедничка стратегија пред случувањата.

Нехамер рече дека доколку Русија применува насилство треба да ја земе во предвид одлучноста на Европската (ЕУ) за воведување санкции.

 



Слични вести