Ди Мајо: Ќе продолжиме со поддршка на територијалниот интегритет и суверенитетот на Украина

Ди Мајо рече: „Ќе продолжиме да работиме и да дејствуваме заедно со нашите сојузници за поддршка и истовреме за давање на одлучен и пропорционален одговор против било какво прекршување на територијалниот интегритет и и суверенитетот на Украина“

1768948
Ди Мајо: Ќе продолжиме со поддршка на територијалниот интегритет и суверенитетот на Украина

Италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо истакна дека ќе продолжат да работат за поддршка на територијалниот интегритет и суверенитетот на Украина.

Според веста објавена во италијанскиот печат, Ди Мајо во врска со тензијата меѓу Украина и Русија ја изнесе следната констатација: „Ќе продолжиме да работиме и да дејствуваме заедно со нашите сојузници за поддршка и истовреме за давање на одлучен и пропорционален одговор против било какво прекршување на територијалниот интегритет и и суверенитетот на Украина.“

Како што се вели во веста, Ди Мајо нагласи дека Италија дефинитивно е за дипломатско решение и за намалување на тензиите по ова прашање.

Во веста, исто така се наведува дека италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо истакна дека има потреба од урамнотежен приод со Москва по ова прашање.



Слични вести