Столтенберг: НАТО на понудата на Русија ќе одговори оваа недела

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, во дадената изјава за телевизискиот канал „CNN“ (Си-Ен-Ен) рече: „Во моментов ги финализираме нашите предлози, го привршуваме пишаниот текст. Ќе им го испратиме оваа недела.“

1768425
Столтенберг: НАТО на понудата на Русија ќе одговори оваа недела

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, по соопштението на Претседателскиот дворец Кремљ околу тоа дека очекуваат одговор на нивната понуда, во дадената изјава за телевизискиот канал „CNN“ (Си-Ен-Ен) истакна дека текстот со одговор напишан до спротивната страна ќе биде испратен во текот на оваа недела.

Столтенберг наведе дека оваа недела ќе одговорат писмено на понудата на Русија за договор до НАТО што беше доставена минатиот месец и го рече следното: „Во моментов ги финализираме нашите предлози, го привршуваме пишаниот текст. Ќе им го испратиме оваа недела. Тоа ќе го направиме паралелно со Соединетите Американски Држави (САД), бидејќи САД добија понуда за договор, пред неколку недели. На ист начин и ние добивме сличен нацрт. Ќе истакнеме дека сме подготвени да седнеме и да разговараме во главни црти.“

Столтенберг изјави дека НАТО е подготвен да разговара за контролата на оружјето, разоружувањето, транспарентноста во воените активности, механизмот за намалување на ризиците и за други прашања во врска со безбедноста на Европа.

Велејќи „Подготвени сме да ги слушнеме грижите на Русија“, Јенс Столтенберг нагласи дека „сѐ уште постои дипломатски пат“ за решавање на украинско-руската криза, а воедно истакна дека за тоа Русија треба да ја намали тензијата и да биде подготвена да разговара со НАТО, со добра волја.

Тој рече: „НАТО нема да распореди борбени единици во Украина. Но, треба да бидеме сигурни во тоа дека сме подготвени и дека не постои погрешно разбирање во врска со нашата посветеност за одбрана на сите наши сојузници, а особено во источното крило на НАТО.“



Слични вести