Средба на министрите за одбрана на Азербејџан и Иран, Хасанов и Аштијани

Според објавеното писмено соопштение од страна на иранското Министерство за одбрана, двајцата министри за одбрана, Хасанов и Аштијани, освен безбедносните и воените односи разговараа и за регионални случувања

1768529
Средба на министрите за одбрана на Азербејџан и Иран, Хасанов и Аштијани

Министерот за одбрана на Азербејџан генерал на армија Закир Хасанов се состана со иранскиот министер за одбрана Мохамад Реза Аштијани во Техеран, главниот град на Иран.

Според објавеното писмено соопштение од страна на иранското Министерство за одбрана, двајцата министри за одбрана, Хасанов и Аштијани, освен безбедносните и воените односи разговараа и за регионални случувања.

Хасанов, на средбата, им се заблагодари на иранските власти за поддршката на територијалниот интегритет на Азербејџан и ја истакна важноста од развивање на односите меѓу двете земји во различни сфери.

Хасанов воедно го покани иранскиот министер за одбрана Аштијани во посета Баку.

Иранскиот министер за одбрана Мохамад Реза Аштијани, исто така, истакна дека Иран и Азербејџан располагаат со голем број заеднички историски и културни именители, а воедно наведе дека односите меѓу двете земји треба да се развиваат во различни сфери.

Нагласувајќи дека за неговата земја е важно да се зголеми и продлабочи соработката меѓу двете земји во сферата на одбраната и безбедноста, Аштијани рече: „И двете земји поради нивните геополитички карактеристики, располагаат со потенцијал за развивање на односите во сите сфери.“

Како што се истакнува, посетата на азербејџанскиот министер за одбрана Закир Хасанов на Техеран е остварена за зголемување на соработката во сферата на одбраната и безбедноста.



Слични вести