Повеќе од 20 воени бродови на руската морнарица започнаа воена вежба во Црното Море

Во објавеното соопштение од страна на руското Министерство за одбрана е дадена следната информација: „Повеќе од 20 воени бродови влегоа во утврдените зони за воена вежба во Црното Море“

1768813
Повеќе од 20 воени бродови на руската морнарица започнаа воена вежба во Црното Море

Руските воени бродови започнаа воена вежба во Црното Море.

Во објавеното соопштение од страна на руското Министерство за одбрана е дадена следната информација: „Повеќе од 20 воени бродови влегоа во утврдените зони за воена вежба во Црното Море.“

Во соопштениетоп се вели следното: „Целта на вежбата е обука за безбедно маневрирање во области со тежок бродски транспорт, воспоставување на комуникацијата и организирање на воздушна одбрана на море.“

На 24 јануари исто така беше соопштено дека 20 руски воени бродови  влегоа во Балтичкото Море за одржување на воена вежба.

Во објавеното соопштение од страна на руското Министерство за одбрана и на 20 јануари беше истакнато дека руската морнарица во јануари и февруари ќе реализира серија воени вежби во сите области коишто спаѓаат под нејзина одговорност.

Како што се наведува на овие воени вежби ќе бидат ангажирани над 140 воени бродови и помошни бродови, повеќе од 60 авиони, 1.000 единици воена опрема и околу 10.000 воен персонал.

 



Слични вести