Полска почна да гради нов ѕид на границата со Белорусија во должина од 186 километри

Ѕидот висок 5,5 метри, чија изградба ќе чини 1,6 милијарди длоти (приближно 353 милиони евра) ќе биде во должина од 186 километри што речиси изнесува половина од целокупната полско-белоруска граница и се планира да биде завршен во месец јуни

1768316
Полска почна да гради нов ѕид на границата со Белорусија во должина од 186 километри

Полскa ги започна работите за изградба на нов ѕид во должина на границата со Белорусија чија цел е да го спречи преминот на илегалните мигранти по кризата што се појави на пограничниот појас меѓу двете земји, минатата година.

Ѕидот висок 5,5 метри, чија изградба ќе чини 1,6 милијарди злоти (приближно 353 милиони евра) ќе биде во должина од 186 километри што речиси изнесува половина од целокупната полско-белоруска граница и се планира да биде завршен во месец јуни. 

Полската администрација, која по зголемувањето на бројот на илегалните мигранти од летните месеци наваму одлучи да изгради ѕид на границата, изградбата на ѕидот ја соопшти со видео коешто беше објавено на профилот на Граничната стража (Страж Гранична) преку социјалните медиуми.

Во видеото се вели дека ѕидот чија изградба е започната истовремено во 4 одделни области во должина на полско-белоруската граница, ќе биде долг 186 километри.

Инаку, изградбата на овој ѕид предизвика загриженост за човековите права, односно начинот на кој мигрантите ќе можат да бараат азил, како и за влијанието врз дивата природа во должина на главно пошумената граница.

Портпаролката на Граничната стража на Полска Ана Михалска во врска со тоа рече: Нашата намера е да ја сведеме штетата на минимум. Сечата на дрвјата ќе биде ограничена на минимум. Ѕидот ќе биде изграден покрај граничниот пат.“

Таа додаде дека изведувачите ќе ги користат само постоечките патишта.

Минатата година илјадници мигранти, главно од Блискиот Исток, ја преминаа или се обидоа да ја преминат границата од Белорусија кон Полска, при што се појави криза на пограничниот појас меѓу двете земји.

 



Слични вести