Интернет страница од Париз: Франција од септември работи на сценарија за воен удар во Буркина Фасо

Според интернет страницата „Afrika Intelligence“ која емитува од Париз, француските дипломати од месец септември работат на сценарија за преземање на власта во Буркина Фасо од страна на армијата во оваа западноафриканска држава

1768304
Интернет страница од Париз: Франција од септември работи на сценарија за воен удар во Буркина Фасо

Како што се наведува, Франција од месец септември наваму работи на сценарија за преземање на власта во Буркина Фасо од страна на армијата во оваа западноафриканска држава.

Во веста објавена на интернет страницата „Afrika Intelligence“ која емитува од Париз, се истакнува дека француските дипломати од месец септември работат на сценарија за преземање на власта во Буркина Фасо од страна на армијата и дека властите во Париз на 24 јануари му предложиле на претседателот Рох Кристијан Каборе да му обезбедат итно да ја напушти земјата.

Во веста се вели дека француските функционери во текот на 23 јануари цел ден биле во контакт со претседателот Каборе, но дека завчера контактот бил прекинат, а воедно се додава дека овие тврдења се демантираат од страна на Елисејската палата.

Инаку, група војници во Буркина Фасо на 24 јануари ја презедоа власта во земјата и преку државната телевизија „RTB“ беше прочитано соопштение дека е извршен воен удар.

Претседателот Рох Кристијан Каборе пак, кој беше приведен од страна на војниците, поднесе оставка и ја напушти претседателската функција.



Слични вести