Џен Псаки: САД немаат намера да испратат војници во Украина

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки на одржаната дневна прес-конференција рече дека продолжува заканата на Русија за инвазија на Украина во секој момент, но наведе дека тие немаат одредена претпоставка кога ќе се случи тоа

1768284
Џен Псаки: САД немаат намера да испратат војници во Украина

Како што се истакнува претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден нема намера да испрати војници во Украина.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки на одржаната дневна прес-конференција рече дека продолжува заканата на Русија за инвазија на Украина во секој момент, но наведе дека тие немаат одредена претпоставка кога ќе се случи тоа.

Таа рече: „Не можеме да ги прочитаме мислите во главата на (рускиот претседател Владимир) Путин.“

Нагласувајќи дека САД се во состојба на готовност за секој вид сценарио, Псаки состојбата ја прокоментира со следните зборови: „Патот што го претпочитаме ние е дипломатијата, но гледаме дека воената раздвиженост во пограничниот регион е зголемена.“

Подвлекувајќи дека моментално во фокусот на Бајден се наоѓа источното крило на НАТО, Псаки рече: „За појаснување, Бајден нема намера или желба да испрати војници во Украина.“

Во меѓувреме, американскиот претседател Џо Бајден истакна дека би можел да спроведе санкции против рускиот претседател Владимир Путин, доколку ја окупира Украина.

Бајден, за време на неговата посета на едно мало претпријатие во главниот град Вашингтон одговараше на прашањата на новинарите.

На едно поставено прашање „Дали би вовеле санкции врз Путин доколку ја окупира Украина? Бајден одговори потврдно со „Да“.

Тој истакна дека 8.500 американски војници се во состојба на готовност за одбрана на земјите од источното крило на НАТО и дека некои од тие војници во скоро време можат да тргнат за Европа, а воедно го рече следното: „Ниту една земја на НАТО не треба да се плаши, ние како НАТО ќе дојдеме да ги одбраниме.“

Велејќи дека евентуалната инвазија на Украина би имала економски последици за Русија, американскиот претседател Џо Бајден рече: „Немаме планови да распоредиме американски војници или војници на НАТО во Украина.“

Бајден нагласи дека го предупредил Путин во однос на тоа дека цената на инвазијата ќе биде „многу тешка“ и го рече следното: „Му реков дека ако влезе во Украина со сите свои војници кои ги натрупа на границата, тоа ќе биде најголемата окупација од Втората светска војна наваму. Оваа состојба би го променила целиот свет.“

 



Слични вести