Бајден на 31 јануари ќе се состане со катарскиот емир Ал Тани во Белата куќа
Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки во објавеното писмено соопштение истакна дека претседателот Бајден со нетрпение очекува да го пречека катарскиот емир шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, на 31 јануари, во Белата куќа

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден на 31 јануари ќе го пречека во Белата куќа емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, со кого ќе разговараат за бројни билатерални и регионални прашања.
Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки во објавеното писмено соопштение истакна дека претседателот Бајден со нетрпение очекува да го пречека катарскиот емир шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, на 31 јануари, во Белата куќа.
Велејќи дека Бајден и Ал Тани ќе разговараат за бројни билатерални и регионални прашања, Псаки напомена меѓу нив се наоѓаат теми посветени на зголемувањето на безбедноста и просперитетот во Заливот и на Блискиот Исток, обезбедувањето стабилност за глобалните енергетски ресурси, поддршката на народот во Авганистан и зголемувањето на трговијата и инвестициската соработка меѓу САД и Катар.
Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки во писменото соопштение ја сподели и следната информација: „Бајден ќе му се заблагодари на Ал Тани за неговите напори со коишто обезбеди безбедно префрлување од Авганистан, на американските државјани, лицата со дозвола за престој и на нашите авганистански партнери.“