Советот за безбедност на ОН го осуди терористичкиот напад во Дијала, во Ирак

Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) го осуди реализираниот терористички напад во провинцијата Дијала, во Ирак, на 21 јануари, во кој загинаа најмалку 11 лица

1768228
Советот за безбедност на ОН го осуди терористичкиот напад во Дијала, во Ирак

Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) го осуди реализираниот терористички напад во провинцијата Дијала, во Ирак, на 21 јануари, во кој загинаа најмалку 11 лица.

Во објавеното соопштение од страна на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) се потврдува поддршката на суверенитетот и територијалниот интегритет на Ирак.

Осудувајќи го терористичкиот напад на 21 јануари во провинцијата Дијала во кој животите ги загубија најмалку 11 лица, Советот за безбедност ги повика сите земји да соработуваат со ирачката влада во согласност со нивните обврски според меѓународното право, за прогласување за одговорни на сторителите и финансиерите на терористичката акција.

Инаку, терористичката организација ДЕАШ на 21 јануари изврши напад врз армиските сили во месноста Узајм во провинцијата Дијала, во Ирак, и во овој напад загинаа најмалку 11 ирачки војници.

Терористичката организација ДЕАШ во јуни 2014 година ги зазеде целосно провинциите Мосул, Салахадин и Анбар, како и некои делови на провинциите Дијала и Киркук, а потоа по неколку години овие области беа повторно заземени од рацете на организацијата.

Потоа поранешниот ирачки премиер Хајдар ал-Ибади на 9 дкеември 2017 година прогласи дека е извојувана победа над терористичката организација ДЕАШ.

И покрај тоа што поминаа повеќе од 4 години од протерувањето на ДАЕШ од областите и од повторното заземање и враќање на градовите, нападите на оваа терористичка организација продолжуваат, особено во руралните подрачја на провинциите Киркук, Дијала, Мосул, Салахадин и Анбар.

 



Слични вести