Пуч во Буркина Фасо

Капетанот Уедраого изјави дека уставот е суспендиран, владата и парламентот се распуштени, воздушните и копнените граници од полноќ (вчера), ќе бидат затворени до понатамошно известување, а прогласен е полициски час од 21:00 до 05:00 часот по локално врем

1767788
Пуч во Буркина Фасо

 

По воената раздвиженост што започна претходниот ден во земјата, вчера на државната телевизија беше прочитана изјава од капетанот Кадер Оуедраого во име на група војници кои себеси се нарекуваат „Патриотско движење за ослободување и обнова (МПСР).

Уедраого рече дека моќта на претседателот Рох Кристијан Каборе е соборена и потполковникот Пол-Анри Сандаого Дамиба е лидер на МПСР.

Капетанот Уедраого изјави дека уставот е суспендиран, владата и парламентот се распуштени, воздушните и копнените граници од полноќ (вчера), ќе бидат затворени до понатамошно известување, а прогласен е полициски час од 21:00 до 05:00 часот по локално време, до дополнително известување.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш го осуди пучот во Буркина Фасо и ги повика водачите на државниот удар да го положат оружјето.

Гутереш преку неговиот портпарол Стефан Дујариќ изјави дека со длабока загриженост ги следи случувањата во Буркина Фасо.

Изразувајќи ја својата загриженост за безбедноста на претседателот Рох Кристијан Каборе, Гутереш остро го осуди пучот.

Повикувајќи ги водачите на пучистите да го положат оружјето и да ги заштитат претседателот и институциите на земјата, Гутереш ги повика сите страни во Буркина Фасо да покажат воздржаност и да воспостават дијалог.



Слични вести