Пашинјан: „Многу е веројатно дека Ерменија ќе учествува на Форумот за дипломатија во Анталија“

Сакаме да воспоставиме дипломатски односи и да ги отвориме границите со Турција без предуслови. Не бевме успешни во минатото и мора да го искористиме тоа искуство

1767804
Пашинјан: „Многу е веројатно дека Ерменија ќе учествува на Форумот за дипломатија во Анталија“

Премиерот на Ерменија Никол Пашинјан рече дека „Многу е веројатно дека Ерменија ќе учествува на Форумот за дипломатија во Анталија“.

На прес-конференцијата која беше објавена и преку Фејсбук, Никол Пашинјан направи проценка за односите на неговата земја со Турција и Азербејџан.

Посочувајќи дека на дневен ред е прашањето за потпишување мировен договор со Азербејџан, Пашинјан рече: „Таков договор треба да се потпише, но пред се овој документ треба да се создаде како резултат на преговорите. Ерменија е подготвена за овие преговори“.

Подвлекувајќи дека и тие сакаат да ги нормализираат односите со Турција, Пашинјан рече: „Сакаме да воспоставиме дипломатски односи и да ги отвориме границите со Турција без предуслови. Не бевме успешни во минатото и мора да го искористиме тоа искуство“.

Потсетувајќи дека разговорите меѓу Турција и Ерменија започнаа на ниво на специјални претставници, Пашинјан рече: „Нашите специјални претставници се сретнаа. Ако овој процес продолжи вака, голема е веројатноста Ерменија да учествува на Дипломатскиот форум во Анталија. Неразумно е да се пропушти можноста да се продолжат разговорите“.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во изјава на 19 јануари рече дека на вториот дипломатски форум во Анталија (АДФ) што ќе се одржи од 11 до 13 март се поканети и претставници од Ерменија.



Слични вести