Едно лице загина во вооружен напад во кампусот на Универзитетот Хајделберг во Германија

Германските медиуми пишуваат дека напаѓачот се самоубил откако отворил оган врз оние во предавалната

1767783
Едно лице загина во вооружен напад во кампусот на Универзитетот Хајделберг во Германија

 

Во соопштението на полицијата во Манхајм се наведува дека во вооружениот напад кој се случил во универзитетскиот амфитеатар, се повредени 4 лица, од кои некои се во тешка состојба.

Во вестите кои германските медиуми ги засноваа на информациите на безбедносните извори, се наведува дека млада жена со повреда на главата, починала во болницата во која била пренесена.

Германските медиуми пишуваат дека напаѓачот се самоубил откако отворил оган врз оние во предавалната.

Но, се уште не се дадени официјални информации дали напаѓачот се самоубил или бил неутрализиран од полицијата или некој друг.

На местото на настанот беа испратени голем број полицајци и пожарникари.

Во кампусот каде што се случи нападот, има делови од ботаничката градина и универзитетската болница.



Слични вести