САД на персоналот во амбасадата во Киев му нареди да ја напушти оваа земја

Граѓаните на САД во Украина исто така треба да размислат за напуштање користејќи комерцијални или други приватни превози

1767249
САД на персоналот во амбасадата во Киев му нареди да ја напушти оваа земја

 

Министерството за надворешни работи на Соединетите Американски Држави (САД), на семејствата на персоналот во амбасадата во Киев во Украина им нареди да ја напуштат оваа земја, против можна руска интервенција.

Министерството за надворешни работи, поради зголемената тензија меѓу Русија и Украина, издаде предупредување за патување во Украина.

Во предупредувањето беше истакнато следното: „Министерството за надворешни работи на 23 јануари 2022 година ги овласти директно вработените во американската амбасада во Киев, доброволно да ја напуштат Украина и на членовите на нивните дипломатски семејства им наложи да ја напуштат оваа земја, поради тековната закана од руска воена акција. Граѓаните на САД во Украина исто така треба да размислат за напуштање користејќи комерцијални или други приватни превози“.

Во соопштението во кое се посочува дека има вести дека Русија планира воена операција против Украина, беше изнесена евалуацијата дека „Безбедносните услови се непредвидливи и во секој момент може да се влошат, особено долж границите на Украина, на Крим окупиран од Русија и во источна Украина под руска контрола“.

Во соопштението се наведува дека во случај на евентуална воена операција, ќе бидат засегнати и дипломатските активности на САД во Украина, а од американските државјани во Украина беше побарано да пополнат онлајн формулар за комуникација.



Слични вести