Претседателот на Ерменија Армен Саркисјан се повлекува од функцијата
Наведувајќи дека како претседател нема уставна моќ да решава домашни и странски проблеми, Саркисјан истакна дека некои политички групи исто така го таргетираат него и неговото семејство

Претседателот на Ерменија Армен Саркисјан истакна дека се повлекува од функцијата.
Армен Саркисјан во писмена изјава наведе дека во неговата земја има различни политички проблеми и дека ги нема потребните алатки за да се справи со нив.
Наведувајќи дека како претседател нема уставна моќ да решава домашни и странски проблеми, Саркисјан истакна дека некои политички групи исто така го таргетираат него и неговото семејство.
Подвлекувајќи дека и неговото здравје е негативно засегнато поради гореспоменатите причини, Саркисјан рече: „Долго размислував и по четири години решив да се повлечам од претседателската функција. Оваа одлука не е донесена емотивно, туку во рамките на одредена логика“.
Мандатот на Саркисјан, кој беше избран за претседател во 2018 година, завршуваше во 2025 година.