Нападите на еврејските доселеници врз Палестинците беа „организиран терор“

Наведувајќи дека предметната група цели и им наштетила и на нивните граѓани, Барлев истакна дека израелската полиција спровела истрага со домашната разузнавачка агенција Шин-Бет (Шабак)

1767253
Нападите на еврејските доселеници врз Палестинците беа „организиран терор“

Израелскиот министер за јавна безбедност, Омар Барлев, призна дека нападите на еврејските доселеници врз Палестинците на окупираниот Западен Брег биле „организиран терор“.

Омер Барлев направи проценка за израелската јавна радиодифузна организација КАН за нападите на маскирани еврејски доселеници врз израелски и палестински активисти во руралното подрачје на Наблус кои беа извршени претходниот ден.

„Според мене, ова е организирана активност на терористичка група која дејствува заедно“, рече Барлев, член на Лабуристичката партија, партнер во коалициската влада во Израел.

Наведувајќи дека предметната група цели и им наштетила и на нивните граѓани, Барлев истакна дека израелската полиција спровела истрага со домашната разузнавачка агенција Шин-Бет (Шабак).

Израелскиот министер Барлев претходно го користеше терминот „насилство на еврејските доселеници“, а по неговата изјава на 27 декември дека добил „закани од Евреите“, беа засилени активностите за неговата заштита.

Израелскиот премиер Нафтали Бенет, остро реагираше на изјавата на Барлев, кој стана мета на владејачките и опозициските десни партии и му рече: „Еврејските доселеници се заштитниот штит на Израел“.

На 21 јануари, на окупираниот Западен Брег, активистите кои беа во регионот за да ги поддржат Палестинците кои сакаа да засадат маслинки на земјиштето под закана од заземање од страна на израелската администрација, беа нападнати од група еврејски доселеници со маскирани лица. Во нападот беа повредени десет лица, од кои четворица беа израелски активисти.

На Западниот Брег, кој Израел го окупираше во 1967 година, има повеќе од 250 илегални еврејски населби. Околу 500 илјади еврејски доселеници кои живеат во овие места го отежнуваат животот на Палестинците кои живеат под окупација на Западниот Брег.

Според меѓународното право, сите еврејски населби на окупираната територија се сметаат за нелегални.



Слични вести