Во бомбашки напад врз минибус со цивили во Авганистан загинаа 6 лица, 10 мина се ранети
Во бомбашки напад врз минибус со цивили во Авганистан загинаа 6 лица
1766869

Во реализиран бомбашки напад врз минибус кој превезувал цивили во провинцијата Херат во западниот дел на Авганистан, животите ги загубија 6 лица, а 10 лица се ранети.
Дирекцијата на полицијата на талибанската управа во Херат соопшти дека е извршен бомбашки напад врз минибус кој превезувал цивили во областа Хаџи Абас во Херат, во Авганистан.
Главниот лекар на државната болница во Херат Мухамед Ариф Џелали истакна дека во нападот животите ги загубија 6 лица меѓу кои има и жени, а 10 лица се ранети.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Слични вести

Шолц: „Сигурен сум дека Путин не може да победи“
Германскиот премиер изјави дека Путин ја потцени солидарноста и моќта на НАТО, Европската унија и Г7