Тунискиот претседател Саид разговараше телефонски со францускиот претседател Макрон

Во објавеното писмено соопштение од страна на кабинетот на тунискиот претседател, се истакнува дека претседателот Саид оствари телефонски разговор со францускиот претседател Макрон

1766854
Тунискиот претседател Саид разговараше телефонски со францускиот претседател Макрон

Тунискиот претседател Кајс Саид разговараше телефонски со неговиот француски колега Емануел Макрон за ситуацијата во Тунис и односите меѓу двете земји.

Во објавеното писмено соопштение од страна на кабинетот на тунискиот претседател, се истакнува дека претседателот Саид оствари телефонски разговор со францускиот претседател Макрон.

Во соопштението се вели дека тунискиот претседател Кајс Саид разговараше со Макрон за патната карта што ја објави претходно и прашањата поврзани со тоа за да се извлече Тунис од ситуацијата во која се наоѓа.

Освен тоа, во разговорот се разгледани економските односи меѓу Тунис и Франција, а е направена проценка и на начините за развој на соработката во тој контекст.

 



Слични вести