За време на протестите во Судан од 25 октомври досега загинаа 73 лица

Во Судан за време на протестите коишто се одржуваат против воената власт во оваа земја од 25 октомври досега животите ги загубија 73 лица

1766770
За време на протестите во Судан од 25 октомври досега загинаа 73 лица

За време на протестите коишто се одржуваат на барање на цивилната управа од 25 октомври кога армијата ја презеде власт во Судан, досега животите ги загубија 73 лица.

Во објавеното соопштение од страна на Централниот комитет на лекарите во Судан се истакнува дека почина 25-годишниот Мохамед Фајсал во болницата кадешто се наоѓаше на интензивна нега поради здобиен куршум во вратот за време на демонстрациите против воениот удар во градот Вад Медени во провинцијата Ал Џезира на 17 декември.

Во соопштението се вели следното: „Нашиот народ кој ги продолжува мирните протести во име на правдата, слободата и демократијата, се спротивставува на воениот механизам кој ја презеде насилно и ја узурпира власта и доведе до смрт на 73 лица со извршени најгрозоморни злосторства од воениот удар досега.“



Слични вести