НАТО ги одби барањата на Русија за повлекување на своите војници од Бугарија и Романија

Портпаролката на НАТО Оана Лунгеску рече:  „НАТО нема да се откаже од својата способност да се штитиме и браниме едни со други, вклучително и присуството на војниците во источниот дел на Алијансата“

1766623
НАТО ги одби барањата на Русија за повлекување на своите војници од Бугарија и Романија

НАТО го отфрли барањата на Русија за повлекување на своите војници од Бугарија и Романија и затворање на базите во овие земји.

Портпаролката на НАТО Оана Лунгеску даде изјава во врска со барањето коешто беше поставено на дневен ред од страна на руското Министерство за надворешни работи.

Лунгеску рече: „НАТО нема да се откаже од својата способност да се штитиме и браниме едни со други, вклучително и присуството на војниците во источниот дел на Алијансата.“

Велејќи дека барањата на Русија ќе создадат членки на НАТО од прва и втора класа, Лунгеску изјави дека нема да го прифатат тоа.

Таа рече: „Ја отфрламе секоја идеја за сфери на интерес во Европа. Секогаш ќе одговориме на секое влошување на нашата безбедносна средина, вклучително и преку зајакнување на нашата колективна одбрана. НАТО е буден и продолжува да ја оценува потребата од зајакнување на источниот дел на нашата Алијанса.“

На веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи беше одговорено на прашањето што значи за Бугарија и Романија барањето на Русија НАТО да се врати на границите од 1997 година.

Во одговорот беше наведено дека за враќање на поредокот во земјите кои во 1997 година не беа членки на НАТО, Русија сака да бидат повлечени „странските сили, опремата и оружјето“ и да се преземат други чекори и дека „Тоа ги вклучува Бугарија и Романија“.

Процесите за членство на Бугарија и Романија во НАТО започнаа во 1997 година и двете земји станаа членки на НАТО во 2004 година.

 



Слични вести