Укината вонредната состојба во Казахстан

Со укинувањето на вонредната состојба синоќа од полноќ на 19 јануари почна да се нормализира животот во Казахстан, а особено во главниот град Нур-Султан и во градот Алмати и провинциите Атирау, Жамбил, Кизилорда и Мангистау

1764812
Укината вонредната состојба во Казахстан

Укината е вонредната состојба во Казахстан која беше воведена на 5 јануари по протестите и наглото влошување на ситуацијата во оваа земја.

Со укинувањето на вонредната состојба синоќа од полноќ на 19 јануари почна да се нормализира животот во Казахстан, а особено во главниот град Нур-Султан и во градот Алмати и провинциите Атирау, Жамбил, Кизилорда и Мангистау.

Укинати се забраната за движење (полицискиот час) што се применуваше во одредени часови и безбедносните мерки коишто беа спроведувани на улиците. Може слободно да се влегува и излегува во и од градовите.

Портпаролот на претседателот Берик Уали соопшти дека благодарение на единството и солидарноста на народот и напорите на безбедносните сили и на силите за спроведување на законот по цена и на своите сопствени животи, се воспоставени редот и мирот во Казахстан, на територијата на целата земја.

Инаку, протестите кои започнаа на 2 јануари во западниот дел на Казахстан на 2 јануари поради поскапувањето на течниот нафтен гас (ТНГ) и влошувањето на социо-економската ситуација во земјата, потоа се прераснаа во акти на насилство особено во поранешниот главен град на земјата, Алмати.

Претседателот на Казхастан Касим Жомарт Токаев на 5 јануари ја прифати оставката на Владата која ја сметаше за одговорна за протестите, а потоа прогласи вонредна состојба на територијата на целата земја.

Главниот јавен обвинител на Казахстан соопшти дека во настаните во земјата животите ги загубија 225 лица.



Слични вести