Русија ја дочека со задоволство поканата на Ердоган до Путин и Зеленски да дојдат во Турција

Портпаролот на претседателскиот дворец на Русија (Кремљ) Дмитриј Песков, одговараше на поставеното прашање на новинарите за поканата на Ердоган што ја упати до Путин и Зеленски да дојдат во Турција, за ставање крај на тензиите меѓу Русија и Украина

1765231
Русија ја дочека со задоволство поканата на Ердоган до Путин и Зеленски да дојдат во Турција

Во Русија е дочекана со задоволство поканата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган до рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски да дојдат во Турција, за решавање на проблемите меѓу Русија и Украина.

Портпаролот на претседателскиот дворец на Русија (Кремљ) Дмитриј Песков, одговараше на поставеното прашање на новинарите за поканата на Ердоган што ја упати до Путин и Зеленски да дојдат во Турција, за ставање крај на тензиите меѓу Русија и Украина.

Велејќи дека главното несогласување меѓу Русија и Украина е во врска со стопирањето на имплементацијата на Договорите од Минск од страна на Киев, Песков рече: „Ги поздравуваме напорите на секоја земја која може да помогне во решавањето на ситуацијата во Украина. 

Привлекувајќи внимание дека ситуацијата во Украина е доста тензична, Песков истакна дека гледаат како и се испорачува оружје на оваа земја, се реализираат воени маневри и авиони на НАТО и западноевропските земји летаат во оваа земја. 

Тој рече: „Сето тоа предизвикува тензии во опкружувањето на Украина.“

Освен тоа, Песков изрази надеж дека во наредните денови ќе добијат писмен одговор од Соединетите Американски Држави (САД) по прашањето на безбедносните гаранции.

Во меѓувреме, портпаролот на претседателскиот кабинет амбасадорот Ибрахим Калин информира дека претседателот Ердоган разговараше и со Путин и со Зеленски за решавање на проблемите меѓу Русија и Украина.

„Тој (Ердоган) дури ги покани и двајцата ако сакаат да дојдат во Турција, да одржат состанок за да ги решат меѓусебните проблеми и разлики. Турција е подготвена да одигра било каква улога што може да ја одигра за намалување на тензиите меѓу Русија и Украина. Ние го правиме тоа како пријатели и на Русија и на Украина, и како НАТО сојузник.“ - рече Калин.

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин, исто така, соопшти дека претседателот Ердоган за неколку недели ќе ја посети Украина и ќе се состане со претседателот Зеленски, а воедно го рече следното: „Истовремено, ќе бидеме во близок контакт со Русите за да избегнеме секој вид воена акција со големи и неповратни последици.“

 



Слични вести