Псаки: Се наоѓаме во фаза кога Русија во секој момент може да ја нападне Украина

Портпаролката на Содинетите Американски Држави (САД) Џен Псаки предупреди дека се наоѓаме во фаза кога Русија во секој момент може да ја нападне Украина и дека дека одговорот на САД ќе ги вклучи сите опции

1764876
Псаки: Се наоѓаме во фаза кога Русија во секој момент може да ја нападне Украина

Портпаролката на Содинетите Американски Држави (САД) Џен Псаки на одржаната прес-конференција во Белата куќа направи проценка на најновите случувања во врска со тензиите меѓу Украина и Русија, при што предупреди дека се наоѓаме во фаза кога Русија во секој момент може да ја нападне Украина.

Потсетувајќи дека американскиот државен секретар Антони Блинкен ќе ги посети Украина и Германија кадешто ќе оствари разговори за намалување на тензиите меѓу Украина и Русија.

Псаки истакна дека во остварениот телефонски на Блинкен со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров е постигната согласност за состанување во Женева и дека Блинкен на оваа средба ќе ја предупреди Русија да ги намали тензиитеа.

Велејќи дека одговорен за украинско-руската тензија е рускиот претседател Владимир Путин кој натрупа десетици илјади војници на границата, Псаки рече: „Да бидам искрена, моментално ситуацијата е доста опасна. Се наоѓаме во фаза кога Русија во секој момент може да ја нападне Украина. Блинкен на средбата во Женева отворено ќе го изнесе тоа дека постои дипломатски пат по ова прашање. Дали ќе ги трпат тешките економски последици од окупацијата на Украина, им преостанува на Путин и на Русите.“

Портпаролката на Содинетите Американски Држави (САД) Џен Псаки нагласи дека во случај Русија да ја окупира Украина се наоѓаат на маса сите опции и додаде дека се во близок контакт со нивните европски партнери по прашањето на економските санкции врз Русија.



Слични вести