ЕУ ја повтори непоколебливата поддршка на Украина

Според соопштението од кабинетот на Жозеп Борел, во телефонскиот разговор меѓу Борел и Кулеба биле разменети мислења во врска со меѓународните дипломатски напори поврзани со обидите на Русија за поткопување на основните принципи на безбедноста на Европа

1765184
ЕУ ја повтори непоколебливата поддршка на Украина

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба и ја потврди поддршката на ЕУ на оваа земја.

Според објавеното соопштение од кабинетот на Жозеп Борел, во телефонскиот разговор меѓу Борел и Кулеба биле разменети мислења во врска со меѓународните дипломатски напори поврзани со обидите на Русија за поткопување на основните принципи на безбедноста на Европа.

Борел ја повтори непоколеблива поддршка на Украина, по минатонеделниот неформален министерски состанок за надворешни работи и одбрана на ЕУ во Брест, Франција и по остварените контакти со Соединетите Држави (САД) и НАТО.

Велејќи дека Европската унија (ЕУ) ќе продолжи да упатува повик до Русија да ги намали тензиите и да ги повлече своите војници од границата со Украина, Борел го дочека со задоволство и воздржаниот став на Украина.

Освен тоа, во телефонскиот разговор бше разговарано и за реализираниот сајбер напад врз државните институции на Украина.

Европската унија (ЕУ) соопшти дека ќе продолжи да ја поддржува Украина за да го зголеми нејзиниот отпор против ваквите напади.

 



Слични вести