Блинкен го повика рускиот претседател Пуин да го избере патот на мирот

Државниот секретар Антони Блинкен во дадената изјава во Амбасадата на САД во Киев го рече следното: „Силно се надевам дека можеме да ја одржиме оваа (криза) на дипломатски и мирен пат, но на крај тоа ќе биде одлука на претседателот Путин“

1765164
Блинкен го повика рускиот претседател Пуин да го избере патот на мирот

Министерот за надворешни работи на Соединетите Американски Држави (САД) Антони Блинкен кој допатува на разговори во Украина, го повика рускиот претседател Владимир Путин да го избере „патот на мирот“.

Внимание привлекува тоа што оваа изјава на Блинкен кој ја посетува Украина во знак на поддршка на оваа земја, пристигна на два дена пред неговата средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Женева.

Блинкен во дадената изјава во Амбасадата на САД во Киев го рече следното: „Силно се надевам дека можеме да ја одржиме оваа (криза) на дипломатски и мирен пат, но на крај тоа ќе биде одлука на претседателот Путин.“

За време на неговата посета на Киев, Блинкен исто така тврдеше дека Путин може да испрати уште повеќе војници на границата со Украина.

Тој рече: „Знаеме дека има планови за дополнително зголемување на ова воено натрупување за многу кратко време и тоа му дава шанса на претседателот Путин за мошне кусо време да преземе поагресивна акција против Украина.“



Слични вести