Жозеп Борел: Русија има за цел ја предизвика поделба меѓу САД и ЕУ

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел истакна дека Русија со тоа што во преговорите со САД и НАТО не и достави предлог на Европската унија (ЕУ) има за цел да ги подели САД и ЕУ

1764223
Жозеп Борел: Русија има за цел ја предизвика поделба меѓу САД и ЕУ

Комитетите за надворешни односи и безбедност и одбрана на Европскиот парламент (ЕП) одржаа заеднички вонреден состанок за тековната криза во источниот дел на Украина и на границата на оваа земја со Русија.

На состанокот говореше високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел кој истакна дека Русија со тоа што во преговорите со Соединетите Американски Држави (САД) и НАТО не и достави предлог на Европската унија (ЕУ) има за цел да ги подели САД и ЕУ.

Борел се осврна на преговорите на кои беше разговарано за тензијата што се појави по распоредувањето на околу 100.000 руски војници на границата со Украина и за прашања како што се безбедносните гаранции во Европа коишто Русија им ги понуди на Соединетите Американски Држави (САД) и НАТО.

Велејќи дека некои средини го сметаат тоа што Русија не седнува на маса со Европската унија (ЕУ) го сметаат за „неуспех на ЕУ“, Борел рече: „Доколку преговорите продолжат, кои веројатно и нема да траат долго, ако има предлози на масата коишто ќе влијаат на нас, ние сдигурно треба да бидеме страна во тоа.“

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) Жозеп Борел ја изнесе следната проценка: „Причината зошто од страна на Русија апсолутно не се посакува да бидеме дел од преговорите, е јасна. Поделбата на западниот ѕид, поделбата на САД и ЕУ, е во услуга на интересот на Русија.“

Состанокот меѓу САД и Русија се одржа во швајцарскиот град Женева на 10 јануари, а состанокот на Советот НАТО-Русија се одржа во Брисел, главниот град на Белгија, на 12 јануари.

Борел подвлече дека ЕУ одби да воведе „превентивни санкции“ против Русија и подготви нацрт санкции со цел да не биде затечена неподготвена во ситуации на ескалација и истите да ги стави во примена тогаш кога ќе биде потребно.

Велејќи дека ЕУ треба да ја повика Русија да ја намали затегнатоста и да остане во  позиција на спречување на кризата, Борел појасни дека Брисел истовремено треба да продолжи да нагласува дека било каков нов напад против Украина нема да остане без одговор.

Борел рече дека украинската влада до сега не побарала директна помош, но дека постои консензус во ЕУ да ја обезбеди доколку ја побара, а воедно додаде дека на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ што ќе се одржи на 24 јануари ќе бидат разгледани и оценети различни предлози по ова прашање.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски по Самитот на партнерството ЕУ-Исток што се одржа минатиот месец во Брисел, истакна дека ЕУ треба да воведе санкции без да чека евентуален напад на нејзините територии од страна на Русија.

Од друга страна, во објавеното писмено соопштение од канцеларијата на Борел на 17 јануари, се истакнува дека ЕУ на првата годишнина од неговото апсење ја повикува Русија да го ослободи Алексеј Навални.

Во соопштението се вели следното: „Го повторуваме нашиот повик до руските власти без задоцнување, веднаш и безусловно да го ослободат Навални и да ја почитуваат привремената превентивна мерка на Европскиот суд за човекови права, во однос на природата и степенот на ризик по неговиот живо.“

 



Слични вести