„Во периодот на глобално економско опоравување 8 од секои 10 долари се трошат во развиените земји“
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес, кој преку видео-порака учествуваше на Светскиот економски форум „Давос Агенда 2022“ нагласи дека проблемите во синџирот на снабдување и високата инфлација го забавуваат економското опоравување

Во периодот на глобално економско опоравување 8 од секои 10 долари се трошат во развиените земји.
Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес, кој преку видео-порака учествуваше на Светскиот економски форум „Давос Агенда 2022“ нагласи дека проблемите во синџирот на снабдување и високата инфлација го забавуваат економското опоравување.
Велејќи дека стапката на вакцинација против новиот тип на коронавирус (Ковид-19) во развиените земји е „срамно за 7 пати поголема“ од африканските земји, Гутерес ги повика фармацевтските компании да ги споделат своите лиценци за вакцини со земјите во развој.
Тој рече дека глобалното економско закрепнување е кревко и нестабилно, а воедно напомена дека во периодот на глобално економско опоравување 8 од секои 10 долари се трошат во развиените земји.
Појаснувајќи дека значително е забавен економскиот раст во земјите со ниски приходи и во земјите во развој, генералниот секретар на Обединетитенации (ОН) Антонио Гутерес го повтори својот повик за реструктуирање на долгот за овие земји.
Слични вести

Украина: Руската армија ги продолжува нападите во правец на Северодоњецк
Украинскиот Генералштаб соопшти дека руската армија ги продолжува нападите во правец на Северодоњецк