Путин и Алиев разговараа за прашањето со Украина

Според објавеното соопштение од страна на Претседателскиот дворец (Кремљ), Путин во разговорот го информира Алиев по прашањето на разговорите со Соединетите Американски Држави (САД) и нивните сојузници за безбедносните гаранции

1764717
Путин и Алиев разговараа за прашањето со Украина

Рускиот претседател Владимир Путин и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев разговараа телефонски за прашањето со Украина.

Според објавеното соопштение од страна на претседателскиот дворец на Русија (Кремљ), Путин во разговорот го информира Алиев по прашањето на разговорите со Соединетите Американски Држави (САД) и нивните сојузници за безбедносните гаранции.

Во телефонскиот разговор беа разгледани и настаните во Казахстан и беше изразено задоволството од брзото стабилизирање на ситуацијата во оваа земја.

Путин и Алиев воедно го потврдија и тоа дека стратешкото партнерство меѓу Русија и Азербејџан ќе биде зајакнато во иднина.

Да потсетеме дека, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев на 14 јануари во главниот град на Украина, Киев се состана со претседателот Володимир Зеленски.

 



Слични вести