Специјалниот претставник за Сирија Педерсен се состана со Абдулахијан

Специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Сирија Геир О. Педерсенн кој престојува во посета на Техеран се состана со иранскиот министер за надворешни работи Абдулахијан со кого разговараа за случувањата во Сирија

1763584
Специјалниот претставник за Сирија Педерсен се состана со Абдулахијан

Специјалниот пратеник на Обединетите нации (ОН) за Сирија Геир О. Педерсен се состана со иранскиот министер за надворешни работи Хусејин Емир Абдулахијан.

Во објавеното соопштение од страна на иранското Министерство за надворешни работи се истакнува дека специјалниот претставник Педерсен кој престојува во посета на Техеран се состана со министерот за надворешни работи Абдулахијан со кого разговараа за случувањата во Сирија.

Според соопштението, на средбата Абдулахијан истакнал дека „присуството на Соединетите Американски Држави (САД) во Сирија и воздушните напади коишто ги реализира Израел му наштетуваат на процесот за политичко решение“, а воедно рекол дека меѓународната заедница треба да им придаде значење на овие прашања.



Слични вести