Сомнителен пожар во дворот на џамијата „Фатих“ на ДИТИБ во германскиот град Шемниц

Во објавеното соопштение од страна на полицијата во Шемниц се истакнува дека поради синоќешниот пожар е започната повеќестрана детална истрага вклучувајќи го и сомневањето за намерно подметнување.

1763471
Сомнителен пожар во дворот на џамијата „Фатих“ на ДИТИБ во германскиот град Шемниц

Започната истрага поради пожарот што се појави во дворот на Џамијата "Фатих" на Турско-исламската унија за верски прашања (ДИТИБ) во градот Шемниц во Германија. 

Во објавеното соопштение од страна на полицијата во Шемниц се истакнува дека поради синоќешниот пожар е започната повеќестрана детална истрага вклучувајќи го и сомневањето за намерно подметнување. 

Претседателот на Одборот на џамијата Енис Сезги истакна дека засега нема јадни информации за тоа како се појавил пожарот, но привлече внимание дека добивале закани со тоа што во поштенското сандаче на џамијата повремено биле фрлани карикатури и цртежи на свињи и изрази со навреди против исламот.

Сезги додаде дека по истрагата ќе биде обелоденета причината за пожарот, дали станува збор за намерно подметнување, дали за нормален пожар или дали е екстремно десничарски напад 

Во меѓувреме, и аташето за верски прашања на Амбасадата на Турција во Берлин Емре Шимшек истакна дека жалат поради тоа што џамијата е доведена во неупотреблива состојба во пожарот, но дека радува тоа што нема живечки загуби и повредени.



Слични вести