Разрешен од функција и внукот на Назарбаев, Самат Абиш

Денеска казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев издаде указ за разрешување на внукот на основачкиот и поранешен претседател Нурсултан Назарбаев, Самат Абиш, од функцијата прв заменик-претседател на Комитетот за национална безбедност (КХБ)

1763634
Разрешен од функција и внукот на Назарбаев, Самат Абиш

Самат Абиш, внукот на основачкиот и поранешен претседател на Казахстан Нурсултан Назарбаев, е разрешен од функцијата прв заменик-претседател на Комитетот за национална безбедност (КХБ).

Во објавеното соопштение од страна на кабинетот на претседателството на Казахстан, се истакнува дека денеска казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев издаде указ за разрешување на внукот на Назарбаев, Самат Абиш, од функцијата прв заменик-претседател на Комитетот за национална безбедност (КХБ).

Претходно беше соопштено дека поранешниот претседател на Комитетот за национална безбедност (КХБ) Карим Масимов и неговите помошници биле приведени под сомнение дека извршиле предавство на татковината, но Самат Абиш остана на својата функција.

Соопштено е дека поднесе оставка од функцијата претседател на Националната комора за претприемачи Атамекен, и зетот на Нурсултан Назарбаев, Тимур Кулибаев.

 



Слични вести