Комеморација за загинатите 15 муслимани во пожарот во Њујорк, во САД

На потребата церемонија учествуваа блиските и соседите на муслиманите кои ги загубија животите во пожарот и од кои повеќето беа по потекло од Гамбија, како и градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс и лидерот на мнозинството во американскиот Сенат Чак Шумер

1763469
Комеморација за загинатите 15 муслимани во пожарот во Њујорк, во САД
New York Bronx Musluman töreni1.jpg

Во Исламскиот културен центар во областа Бронкс во Њујорк во Соединетите Американски Држави (САД) е одржан џеназе намаз (погребна церемонија) за 15 муслимани од вкупно 17 загинати лица во пожарот што избувна пред неколку дена во една неколкуспратна зграда.

На потребата церемонија учествуваа блиските и соседите на муслиманите кои ги загубија животите во пожарот и од кои повеќето беа по потекло од јужноафриканската држава Гамбија.

На погребната церемонија учествуваа и градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс и лидерот на мнозинството во американскиот Сенат и сенаторот на Демократите од Њујорк Чак Шумер, како и двајца високи функционери на Владата на Гамбија.

По клањањето на џеназе намазот (погребната молитва) и прочитаните дови, мртвите тела на 11 од жртвите беа испратени во Њу Џерси кадешто ќе бидат погребани, а телата на другите четворица жртви на барање на нивните семејства ќе бидат однесени во Гамбија и таму ќе бидат погребани.

Претходно на почетокот на минатата недела од една џамија во Харлем беа однесени и закопани мртвите тела на две деца кои ги загубија животите во пожарот.

Инаку, во пожарот што избувна на 9 јануари од електричен грејач во областа Бронкс во Њујорк, во Соединетите Американски Држави (САД) животите ги загубија 17 лица од кои 8 беа деца, а 63 лица беа затруени од чад.



Слични вести