Јапонија: Северна Кореја утрово изврши тестирање на две балистички ракети

Јапонскиот министер за одбрана Нобуо Киши информира дека Северна Кореја утрово во 08:49 и 08:52 часот по локално време истрела две одделни балистички ракети

1763539
Јапонија: Северна Кореја утрово изврши тестирање на две балистички ракети

Јапонија соопшти дека Северна Кореја утрово изврши тестирање на две балистички ракети.

Јапонскиот министер за одбрана Нобуо Киши информира дека Северна Кореја утрово во 08:49 и 08:52 часот по локално време истрела две одделни балистички ракети. 

Министерот Киши истакна дека проектилите, за кои се проценува дека поминале растојание од 300 километри на максимална височина од 50 километри паднале во морето.

Тој рече: „Јасно е дека Северна Кореја се обидува да развие ракетна технологија. Серијата тестирања коишто ги реализира во последно време претставуваат сериозен проблем за меѓународната заедница.“

Главниот секретар на јапонскиот кабинет Хироказу Мацуно истакна дека засега сè уште не е утврдена одредена причинета штета штета во врска со испитувањата.

Владата во Токио својата официјална реакција до властите во Пјонгјанг ја достави со посредство на Амбасадата на Јапонија во Пекинг.

Како што беше изнесено ракетите најверојатно паднале надвор од границите на националната Ексклузивна економска зона на Јапонија.

Генералштабот на Јужна Кореја соопшти дека балистичките ракети од краток дострел биле истрелани од Аеродромот Сунан надвор од главниот град Пјонгјанг.

Со овие последни истрелани ракети, Северна Кореја го реализира 4-тото тестирање на балистички ракети од почетокот на годината досега.

 



Слични вести