САД: Спремни сме и за дипломатија и за економски санкции кон Русија

Советникот за национална безбедност на Соединетите Американски Држави (САД) Џејк Саливан истакна дека по прашањето на Украина се спремни и за дипломатија и за економски санкции против Русија доколку оваа земја ја окупира Украина

1762443
САД: Спремни сме и за дипломатија и за економски санкции кон Русија

Советникот за национална безбедност на Соединетите Американски Држави (САД) Џејк Саливан на својот дневен брифинг со новинарите во Белата куќа направи проценка на одржаните разговорите со Русија по прашањето на Украина во Женева, Брисел и Виена.

Саливан истакна дека по прашањето на Украина се спремни и за дипломатија и за економски санкции против Русија доколку оваа земја ја окупира Украина.

Појаснувајќи дека на разговорите за кои станува збор и САД и Русија ги изнеле прашањата за кои чувствуваат загриженост, Саливан напомена дека јасно ги изнеле и сферите во кои може или не може да се постигне напредок.

Тој рече: „Разговорите беа искрени и директни. Тоа беа корисни разговори. Овие разговори ни дадоа нам и на Русија материјали за размислување.“

Џејк Саливан истакна дека по разговорите ќе разговараат со своите сојузници за тоа како ќе продолжи процесот понатаму и го додаде следното: „Ние сме подготвени за дипломатија за подобрување на безбедноста и стабилноста на евроатлантикот. Исто така, подготвени сме да одговориме на тоа доколку Русија избере друг пат. Продолжува нашата интензивна соработуваме со нашите партнери за острите економски санкции што ќе бидат воведени во случај за окупирање на Украина од страна на Русија.“

Нагласувајќи дека САД продолжуваат да го поддржуваат територијалниот интегритет и суверенитетот на Украина, Саливан рече: „Јасно ѝ сугериравме на Русија за цената и последиците од воената интервенција.“

Советникот за национална безбедност на Соединетите Американски Држави (САД) Џејк Саливан укажа на тоа дека не е одреден нов датум за продолжување на разговорите со Русија и рече дека ќе продолжат нивните контакти и со сојузниците и со Русија.

 



Слични вести