Започна повлекувањето на мировниците на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) од Казахстан

Мировниците на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) беа испратени во Казахстан откако протестите против Владата се претворија во акти на насилство и по воспоставувањето на редот почнаа со постепено и координирано повлекување

1762060
Започна повлекувањето на мировниците на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) од Казахстан

Мировните сили на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) кои по протестите во Казахстан беа испратени и распоредени во оваа земја, почнаа да се повлекоа и да го предаваат регионот на казахстанските безбедносни сили.

Мировниците на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) беа испратени во Казахстан откако протестите против Владата се претворија во акти на насилство и по воспоставувањето на редот почнаа со постепено и координирано повлекување.

Во објавеното соопштение од страна на руското Министерство за одбрана се истакнува дека во рамките на планот на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) и Министерството за одбрана на Казахстан започна процесот на предавање на јавните постројки кои се под заштита на мировниците на казахстанските безбедносни сили.

Повлекувањето на мировните сили од Казахстан се планира да заврши во рок од 10 дена.

Во Казахстан на 2 јануари луѓето излегоа на улиците против поскапувањето на цените на течниот нафтен гас (ТНГ) во градовите Жанаозен и Актау, а протестите по 2 дена се проширија во и во градот Алмати и други градови низ земјата.

И покрај оставката на Владата и откажувањето на поскапувањата, демонстрантите не отстапија и демонстрациите прераснаа во акти на насилство.

Цел на демонстрантите во земјата беа државните институции по што беше прогласена вонредна состојба.

Претседателот Касим Жомарт-Токаев побара помош од Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) чии членки се Русија, Белорусија, Казахстан, Ерменија, Киргистан и Таџикистан, а со цел да се стави крај на насилството и да се воспостави редот и поредокот во земјата.

На ова, за воспоставување на стабилноста Организацијата испрати во Казахстан повеќе од 2.000 мировници.

Во настаните животите ги загубија 164 лица, а беа повреднеи и стотици припадници на безбедносните сили. 

Во рамките на операцијата којашто беше започната поради протестите вкупниот број на притворените се зголеми на 12.000, а во врска со протестите е покрената истрага и против повеќе од 300 лица.

 



Слични вести