Путин и Токаев разговараа телефонски за актуелната ситуација во Казахстан

Во соопштението од Кремљ се истакнува дека Токаев земајќи ги предвид активностите на мировните сили на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) го информирал Путин за мерките за воспоставување на јавниот ред и поредокот во Казахстан

1762263
Путин и Токаев разговараа телефонски за актуелната ситуација во Казахстан

Рускиот претседател Владимир Путин оствари телефонски разговор со претседателот на Казахстан Касим Жомарт-Токаев.

Според објавеното соопштение од Претседателскиот дворец на Русија (Кремљ), Токаев земајќи ги предвид активностите на мировните сили на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) го информирал Путин за мерките за воспоставување на јавниот ред и поредокот во Казахстан.

Во разговорот, Токаев му се заблагодарил на Путин за помошта на Русија, а било разгледано и започнувањето на координираното повлекување на единиците на земјите членки на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) од териториите на Казахстан.

Инаку, денеска беше соопштено дека започна процесот на повлекување на мировните сили на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) составени од воени единици на Русија, Белорусија, Ерменија, Киргистан и Таџикистан кои на 6 јануари беа распоредени во Казахстан.



Слични вести