ОБСЕ: Провокативната реторика доведе до ширење на инцидентите на омраза во Босна и Херцеговина

Во објавеното соопштение од страна на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) се истакнува дека „провокативната реторика“ во врска со територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина доведе до ширење на инцидентите на омраза во земјата

1762044
ОБСЕ: Провокативната реторика доведе до ширење на инцидентите на омраза во Босна и Херцеговина

Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) соопшти дека „провокативната реторика“ во врска со територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина доведе до ширење на инцидентите на омраза во земјата.

Во објавеното соопштение од страна на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) се истакнува следното: „Последниве денови се појави провокативна и раздорна реторика во врска со територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина од страна на некои функционери во земјата, а особено во Република Српска. Овие дискурси им наштетуваат на мирот и безбедносната атмосфера во земјата. Мисијата на ОБСЕ во Босна и Херцеговина е 'да го одржува мирот и безбедноста во земјата и да се спротивстави на сите можни акти на дестабилизација. Активностите на Милорад Додик, српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, за одвојување на Република Српска од Босна и Херцеговина и обединување со Србија, се претвораат во етничка клевета и оцрнување против муслиманите Бошњаци.“

Инаку, иако беше „9 јануари Денот на Република Српска“ беше прогласен за неуставен, на овој ден беа одржани прослави во градот Бања Лука во Босна и Херцеговина.

На прославите, освен српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик, присуствуваа и уште 2.700 лица, меѓу кои и претседателката на Република Српска Жељка Цвијановиќ, 800 припадници на полицијата на Република Српска, претседателот на Парламентот на Србија Ивица Дачиќ, премиерката на Србија Ана Брбаниќ, амбасадорот на Русија во Сараево Игор Калбухов и екстремно десничарски француски пратеници.

Во многу градови на Босна и Херцеговина, а особено во Гацко, Фоча, Приједор, Брчко и Јања имаше провокации, вклучувајќи и инциденти и навреди кон Бошњаците и несрпското население.

Уставниот суд на Босна и Херцеговина во 2015 година на барање на тогашниот член на Претседателството Бакир Изетбеговиќ, пресуди дека „9 јануари Денот на Република Српска“ е во спротивност со уставот на државата.

По оваа одлука, Народното Собрание на Република Српска на 25 септември 2016 година одржа референдум за признавање на „9 јануари Денот на Република Српска“, меѓутоа Уставниот суд на Босна и Херцеговина не го призна овој референдум и донесе забрана за прославите на тој ден.

Министерката за надворешни работи на Босна и Херцеговина Бисера Турковиќ соопшти дека е доставена дипломатска нота до Русија, Кина и Србија кои испратија свои претставници на прославите.

 



Слични вести