Европската унија ги продолжи економските санкции врз Русија за уште 6 месеци

Во објавеното соопштение од страна на Европскиот совет се истакнува дека е одлучено да бидат продолжат санкциите насочени кон руската економија за уште 6 месеци, до 31 јули 2022 година

1762368
Европската унија ги продолжи економските санкции врз Русија за уште 6 месеци

Европската унија (ЕУ) одлучи да ги продолжи за уште 6 месеци економските санкции коишто ги спроведува против Русија, со образложение дека ја дестабилизира Украина.

Во објавеното соопштение од страна на Европскиот совет се истакнува дека е одлучено да бидат продолжат санкциите насочени кон руската економија до 31 јули 2022 година.

Во соопштението се наведува дека одлуката за продолжување на санкциите е донесена како резултат на последната направена проценка на спроведувањето на договорите од Минск, постигнати на Лидерскиот самит на Европската унија (ЕУ) на 16 декември 2021 година.

Во согласност со проодлжените економски санкции, земјите членки на Европската унија (ЕУ) не и продаваат оружје на Русија.

Со санкциите се ограничува купувањето на Русија на некои чувствителни технологии од земјите на ЕУ коишто се користат во нафтената и гасната индустрија. Освен тоа и руските државни банки се исклучени од финансискиот сектор во Европа.

Санкциите се продолжуваат на секои 6 месеци, така што сегашните санкции ќе истечат на 31 јануари 2022 година.

Инаку, Русија на 18 март 2014 година незаконски ги анектираше Автономната Република Крим и градот Севастопол. По анексијата на Крим од страна на Русија и настаните што се појавија во источниот дел на Украина, Европската унија (ЕУ), Соединетите Американски Држави (САД) и некои други земји почнаа да спроведуваат економски санкции кон Русија. Европската унија (ЕУ) за прв пат донесе одлука за воведување економски санкции кон Русија во 2014 година.

Освен економски санкции, Европската унија (ЕУ) спроведува и дипломатски мерки против Русија од видот на  индивидуални санкции како што се забрани за патување кон поединци и замрзнување на имотот.

 



Слични вести