Северна Кореја тестираше хиперсонична ракета која успешно ја погоди целта на оддалеченост од 1.000 километри

Според веста на Севернокорејската централна новинска агенција (KCNA), хиперсоничното ракетно тестирање во земјата е реализирано успешно, вчера наутро

1761146
Северна Кореја тестираше хиперсонична ракета која успешно ја погоди целта на оддалеченост од 1.000 километри

Северна Кореја тестираше хиперсонична ракета која успешно ја погоди целта на оддалеченост од 1.000 километри.

Според веста на Севернокорејската централна новинска агенција (KCNA), хиперсоничното ракетно тестирање во земјата е реализирано успешно, вчера наутро.

За време на тестирањето коешто беше следено од страна на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун, беше тестирана хиперсонична ракета која успешно ја погоди целта во морето на оддалеченост од 1.000 километри.

Со ова реализирано тестирање се имаше за цел да бидат потврдени последните резултати на техничките детали на развиениот систем за хиперсонично оружје.

Од друга страна, јапонската Новинска агенција „Кјодо“ привлече внимание дека како што соопшти Севернокорејската централна новинска агенција (KCNA) севернокорејскиот лидер Ким за прв пат следел едно тестирање на ракета од март 2020 година досега.

Јапонија и Јужна Кореја претходно соопштија дека Северна Кореја на 11 јануари „тестираше ракета со голема веројатност да е балистичка“.

Двете земји истакнаа дека проектилот се движел во воздухот 10 пати побрзо од звукот.

Северна Кореја соопшти дека „успешно тестирала хиперсонична ракета“ и на 5 јанаури.



Слични вести