Раст во илегалните влегувања во земјите на Европската унија (ЕУ)

Според податоците на Агенцијата за гранична безбедност на ЕУ „Фронтекс“, илегалниот влез во земјите на ЕУ заедно со олабавувањето на ограничувањата за патување го надмина нивото од пред епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1761209
Раст во илегалните влегувања во земјите на Европската унија (ЕУ)

Бројот на лицата кои влегле илегално во границите на Европската унија (ЕУ) во 2021 година е зголемен за 57 отсто во споредба на претходната (2020) година и достигна до 195.000 лица.

Според податоците на Агенцијата за гранична безбедност на ЕУ „Фронтекс“, илегалниот влез во земјите на ЕУ заедно со олабавувањето на ограничувањата за патување го надмина нивото од пред епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Бројот на илегалните премини преку границите минатата (2021) година е  зголемен за 57 отсто во споредба со претходната (2020) година и за 36 отсто во споредба со 2019 година.

Минатата година најкористена рута за влегувања беше Централниот Медитеран. Од оваа рута во земјите на ЕУ влегоа повеќе од 65.000 лица.

Влегувањата од Централниот Медитеран се зголемени за 83 отсто во споредба со 2020 година. Приливите од регионот на Западен Медитеран се зголемени за 6 отсто и надминаа 18.000 лица.

Влегувањата од Источна Европа во земјите на ЕУ и особено од Белорусија, се зголемени за 1.000 отсто. Бројот на илегалните премини од Белорусија во 2021 година изнесува околу 8.000.

Сиријците беа тие кои најмногу илегално влегоа во границите на ЕУ, а по нив следуваат Тунижаните, Мароканците, Алжирците и Авганистанците.

 



Слични вести